Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
Проширувањето на ЕУ не е само политичко туку и безбедносно прашање, а отпорноста кон трети страни е возможна само ако сме дел од Унијата, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкована во обраќањето на Дипломатскиот форум во Анталија. Според неа, во време на глобални предизвици, потребни се одговорни лидери и превентивна, наместо реактивна дипломатија.
Сиљановска Давкова изрази загриженост од нови миграциски бранови, хибридни закани и сајбер нападите кои се се почести. Спред неа треба да се вклучи и алармот што огромни суми на пари низ светот се трошат на вооружување. Го реафирмираше нејзиниот став дека потребни се длабоките реформи во составот на Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност.
Учество на петтиот дипломатскиот форум во Анталија ќе има и шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, кој ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“. Предвидено е на овој панел да учествуваат и министрите за надворешни од земјите од регионот, Хрватска и Турција.
Во рамки на посетата на Турција на покана на неговиот колега Хакан Фидан, Муцунски ќе учествува и на Министерски состанок на Балканската платформа за мир. Планирани се и повеќе билатерални средби.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
