Македонија
26. September 2026 - 15:09

Спроведувањето на преземените обврски влегоа во заклучоците на Мешовитиот парламентарен комитет

Бугарските европратеници од Скопје се обиделе да вметнат амандмани за уставните измени во рамки на сесијата на Мешовитиот комитет ЕУ и Македонија. И покрај инсистирање на македонската страна да не се билатерализира и овој процес сепак амандманите беа ставени на гласање, но не беа усвоени.

Сител од свои извори дознава дека од 57-те амандмани кои биле поднесени, дури 42 биле поднесени од бугарските европратеници. Во голем дел од нив уставните измени изрично се споменувале, како и да се нагласи клучната улога на Историската комисија во понатамошниот интегративен процес. Поднесени биле и пет амандмани за случајот со Ива Михаилова, но ниту тие не беа прифатени. 

На социјалните мрежи бугарскиот европратеник Вигенин потврди дека дел од амандманите се однесуваат преговорите за членство, владеењето на правото, добрососедството, регионалната стабилност, како и транспортната поврзаност и случајот Михаилова. 

Генералните заклучоци од сесијата во Скопје сепак се дека процесот на проширување останува европски приоритет, но и дека македонија останува земја кандидат со најдолг статус, затоа се повикува Советот да ги отвори преговорите за Кластер 1 штом бидат исполнети соодветните критериуми.Според заклучоците се нагласува дека културните, јазичните и националните идентитети се суштинска основа на секоја земја. 

Инфраструктурното поврзување помеѓу Македонија и Бугарија ја разви дебата во Парламентот. 

Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, предупреди дека климатските промени веќе имаат сериозни последици и дека општествата мора да се приспособат на новата реалност.

Следниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет е најавен за декември во Стразбур.