Дебата „Западен Балкан во поредок што се менува, проширување, идентитет и демократски иднини“
За ново големо проширување на Европската Унија потребно е единство во Унијата. Но растот на крајната десница, слабеењето на влијанието на европската економија и се посилното антимигрантско расположение би можело да го забави проширувањето со земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина.
Во организација на претседателскиот центар „Стево Пендаровски“ се одржа јавна дискусија „Западен Балкан во поредок што се менува, проширување, идентитет и демократски иднини“.
Професорот Јоанис Армаколас од Универзитетот „Македонија“ во Солун вели дека светла точка е што проширувањето е на агендата на Брисел, и тоа се гледа преку се почестите иницијативи од различни држави за изнаоѓање на решенија.
- Прашањето е дали Европа ќе може да направи ново големо проширување во наредните години во состојба на политичка и економска криза. Добро е што дека тие сакаат да најдат решение, значи тоа интеграцијата во Европа е на агендата, но секако, поради тоа што не сме една држава, туку 27, мора да имаме некаков вид на наоѓање на заеднички став, или консензус, што е можно побрзо. Но јас не гледам дека таков консезус е можен, вели професорот Јоанис Армаколас.
Македонија мораше да го промени своето име за да стане членка на најможниот воен сојуз. Сега, Скопје има нов предизвик на исток пред патот кон Брисел.
- Разликата меѓу двата спора, разликата во ситуацијата меѓу двата спора е што во тоа време геополитиката, бидејќи тој спор беше поврзан со проширувањето на НАТО, беше во наша корист. Ја добивме цела можна поддршка за да го решиме тој проблем. За жал, еден од најголемите проблеми надвор од растот на национализмот во нашата земја, а да не зборуваме за растот на национализмот во Бугарија, е всушност отсуството на таа поддршка од Европа, вели Спасов.
Како еден од најголемите ризици за идна поделба на Европа, според говорниците на дебатата, е растот на рејтингот на крајната десница во Европа, особено на АФД во Германија. Растот на рејтингот на овие партии ги принудува и мејнстрим политичките субјекти да мораат да наоѓаат начин за да имплементираат политики кои доаѓаат токму од крајно-десничарските партии.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
