Кумановецот Данило Методиевски вицешампион на светски куп во кик-бокс во Италија

Второ место на светскиот куп во кик-бокс освои кумановецот Данило Методиевски, член на кик-бокс клубот „Предатор“, информираа денеска од клубот. Натпреварот се одржа викендов во Италија.
Методиевски се натпреварувал против учесници од Италија, Хрватска и Чешка. Тој ги совладал натпреварувачите од Италија и Хрвастка, но загубил во третата борба и станал светски вицешампион. Ова е највисок резултат за Данило и за клубот од Куманово.
– Сите борби се одвиваа во 45 минути со кратки паузи. Данило покажа како се бранат боите на Куманово и Македонија. Се гордееме сите со постигнатиот успех на Данило. Благодарност до нашите спонзори кои го овозможија овој настап, градоначалникот Максим Димитриевски, „Фрагмат“, „Блек Вајпер Сквад“, „Бучен Козјак“ и теретана „Чили Џим“, велат од КБК „Предатор“.
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
