СП 2026: Стартуваат четвртфиналните пресметки

До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат да се одиграат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршница. Со денешниот дуел меѓу Франција и Мароко што се игра во Бостон стартуваат четвртфиналните пресметки. Светскиот првак од 2018 Франција е фаворит во дуелот со Мароко, но токму африканската репрезентација е таа на која и се даваат најмногу шанси за изненадувања. Почетокот на натпреварот е во 22 часот.
Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од утрешниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија што се игра во Лос Анџелес.
Уште една европска пресметка ќе се игра и во Мајами меѓу Норвешка и Англија, а поуспешниот од овој дуел ќе игра со победникот од натпреварот Аргентина – Швајцарија.
Во завршницата меѓу осумте репрезентации има шест од Европа, светскиот првак Аргентина и Мароко како репрезент на Африка.
Полуфиналните натпревари се играат на 14 и 15.јули, дуелот за бронзениот медал е на 18.јули, а финалето ќе се игра на 19.јули на стадионот во Њу Џерси.
Ново на Сител
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
-

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
