Советот за безбедност разгледува дали е загрозена безбедносната состојба
Безбедносната состојба во Македонија е стабилна – по три часа заседавање Советот за безбедност констатирал дека не постојат индиции за нејзино загрозување.
По однос на безбедносната состојба во државата, беше оценето дека таа е стабилна и дека нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување. На седницата на Советот за безбедност беше констатирана потребата надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено преземање на мерки и активности од нивна надлежност.
Додека државниот врв смирува дека безбедноста е стабилна, безбедносните експерти оценуваат дека ризикот за терористички напади во Македонија е на средно ниво. Нивото на ризик од терористички напад во Македонија според нив, е зголемено поради опасноста од активација на џихадиски ќелии.
Кога зборуваме за ризик .. Скоро учестував на една работилница со претставници од институциите на кои разговаравм за тоа колкав е степенот на ризик ..ние се уште се движиме до средно ниво на ризик значи се уште кога ќе ги правиме тие стручни проценки дека сме на средно ниво., вели Златко Андоновски, национален координатор за насилен екстремизам и тероризам.
Безбедносните служби го вклучија алармот по војната во Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во Република Косово.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
