-->
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-->

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни.
Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
- Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведува ЈП „Македонија пат“ и ги потсетува учесниците во сообраќајот дека сите детални информации можат да ги добијат на телефонот 02 25 61 502.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
