Македонија
29. July 2022 - 16:33

Собранието и денеска не гласа

По два дена работа, владејачкото мнозинство денеска повторно остана без кворум за гласање. Власта во салата немаше 61 пратеник за избор на нов собраниски потпретседател – пратеникот Хисни Исмаили од Алтернатива.

Исмали чека за потпретседателско столче уште лани од декември кога падна договорот Гаши-Заев за влез на Алтернатива во владата на Ковачевски.

За дискусија за неговиот се јавија само пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот Мицевски со совети до Исмаили да не го крши и злупотребува Деловникот како спикерот Џафери. На крај, му порача дека власта е несериозна кон него бидејќи му го дава ова место за да го одржи мнозинството.

По ова опозицијата ја напушти салата, а спикерот Џафери обвини дека ВМРО-ДПМНЕ тера дневна политика од собраниски работи.

Исмаили пак, вели дека ќе работи принципиелно.

Исмаили ќе треба да го почека неговиот избор по колективниот одмор на пратениците.