СКРИЕНИ ВО ЉУБОВТА
По неколку години поминати во странство, Мете се враќа дома за да го исполни ветувањето и да се ожени со Наз. И двајцата доаѓаат од богати фамилии, кои очекуваат овој брак да ги избрише трагите од минатото. Но, неочекуваната средба на Мете со Инџила ќе донесе нешто што никој не го очекуваше. Инџила е лојалната слугинка на Наз која пораснала во богатата куќа и која тајно негува чувства кон Мете. Една ноќ, еден бакнеж и несопирливата страст ќе ги променат работите и ќе создадат нераскинлива врска меѓу Инџила и Мете.
Од една страна, Мете е приморан да се ожени со Наз, а од друга страна е љубовта кон слугинката и тајната за нивната заедничка ноќ. Сомнежот нема да ја разниша одлуката на Наз, а љубомората ќе стане доволна силна за да ја оттурне забранетата љубов. Секој следен чекор може да скрши нечие срце, а секоја откриена тајна да ги промени судбините.
Љубовта е таа што ги ослабува силните, а ги зајакнува слабите; ги разгорува страстите, но и го замаглува разумот. Емотивна романса за две души скриени во љубовта. Две срца кои ќе мора да се соочат со очекувањата на другите и да ги надминат сопствените стравови.
Ново на Сител
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
