Македонија
6. January 2024 - 16:32

Скопје најзагаден град во Европа и меѓу 10-те во светот

Скопје попладнево беше најзагаден град во Европа и  5ти  во светот. Според платформата Ајкјуер, Светскиот индекс за квалитет на воздухот , кој ја мери концентрацијата на ПМ честичките, во главниот град  не се препорачува престој на отворено на лицата со хронични болести и нарушено здравје. Сепак, според мерењата на министерството  за животна средина , воздуход не е загаден, односно е во рамките на дозволеното. Но состојбата се следи и ако два последователни дена индексот покажува вредности над дозволеното, повторно ќе се активираат препораките

Мерењата покажуваат дека нивото на ПМ честичките е во рамките на дозволеното и затоа ние вчера ги укинавме препораките кои ги донесовме. Но ако вредноста ги надмине граничните вредности, согласно законот, однсно нивото е над прагот два последователни дена, повторно ќе се активираа, вели Каја Шукова, министер з аживотна средина

Препораките кои владата ги воведе од вчера веќе не важат. Ова значи дека бремените  жени, постарите над 60 години, лицата со миокраден инфаркт, мозочен удар , хронична астма и други болести  од вторник треба да се вратат  на работа

Густата магла изминативе 24 часа одложи  15 слетувања и полетувања од скопскиот аеродром, информираат од ТАВ…Инаку, според повеќе истражувањата последиците предизвикани од загадениот воздух  го кратат животот во просек за три години.  Единствен спас од аерозагадувањето  се заштитните маски.