Шести смртен случај од западнонилска треска, 26-годишник најмладиот хоспитализиран пациент

Уште еден пациент починал од западнонилска треска вчера попладне, и ова е шести случај со смртни последици, потврди денеска директорот на Клиниката за Инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 72 - годишен пациент од Скопје. Пациентот бил со доста сериозни придружни заболувања.
За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент - соопшти директорот.
Починатиот пациент бил хоспитализиран пред 15 дена на клиниката, во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика, и покрај сите преземени интензивни мерки во Одделот за интензивно лекување, вчера во попладневните часови настапила смртта.
Во изјава за медиумите, Цана информираше дека до денеска, на Клиниката за инфективни болести биле или се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 27 досега се излекувани и испишани од клиниката.
- Моментално на клиникава се 18 пациенти, од кои 15 се со лабораториски потврдена западнонилска инфекција невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се клинички суспектни на Западен Нил невроинвазивна форма на инфекција. За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент - соопшти директорот.
Во моментов, најмладиот пациент на клиниката е 26-годишен и е во добра здравствена состојба.
Во Одделот за интензивна нега, со тешка клиничка слика се уште петмина пациенти. Сите се во напредната возраст, повозрасни.
МИА
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
