Македонија
27. August 2026 - 16:32

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра

70 километри нов гасовод од кои 23 км на македонска страна од Клечовце до граничното село Сопот ќе биде новата интерконективна линија меѓу Македонија и Србија. Проектот вреден 29,4 милиони евра предвидува комплетна изградба по системот клуч на рака вклучително со урбанистичко одобрение и дозвола за употреба, со пет придружни објекти.

Во владата беше потпишан договорот со компаниите кои ќе го градат интерконекторот што треба да биде реализиран до 2029 година. Со овој но и другите стратешки прокети премиерот порача дека државата ги поставуваат основите да стане главна сообраќајна и енергетска раскрсница меѓу коридорите 8 и 10 во овој дел од Европа.

За премиерот е од исклучителна важност  што градежните работи ќе ги изведуваат домашни компании што директно ќе даде поттик на домашната економија. Изведувачите уверуваат дека со капацитет од 160 000 кубни метри на час новата мрежа ќе обезбеди висок степен на техничка пристапност и рамномерно управување со вертикалниот енергетски коридор.

Покрај со Србија и Грција, Владата ја разгледува можноста за енергетско поврзување и со Косово. Физибилити студијата треба да даде одговор за потребите на соседната земја и покрај тоа што таа располага со сопствени количини на јаглен.