Македонија
28. August 2026 - 12:48
Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
Градов под Самоиловата тврдина и за овој продолжен празничен викенд полн со туристи од сите краеви ширум светот. Градот познат по 365 те цркви по една за секој ден кои претствуваат вековни чувари на архитектурата ,уметноста и културниот идентитет останува магнет за посетителите .
Верскиот туризам бележи постојан раст, привлекувајќи домашни и странски посетители кои трагаат по духовен мир, историски приказни и културно наследство.
Денес верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица -ден посветен на мајките и жените ,еден од 12те главни празници на Православната црква.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
