Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата првак на Македонија откако вечерва во натпреварот број 3 од финалната серија го совладаа дебитантот во лигашката конкуренција Маџари со 80:74 и 3-0 во добиени натпревари. Ова за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беше 13.та шампионска титула
Домаќинот солидно го започна натпреварот и ја доби првата делница со 26:21, но МЗТ возврати во вториот период и замина на паузата со предност од четири поени (42:46). Маџари комплетно да ја врати неизвесноста кога израмни на 66:66, на пет и пол минути до крајот. Сепак во завршницата искуството беше на МЗТ Скопје Аеродром се покажа решавачко. Најдобар поединец во составот шампионот беше искусниот Војдан Стојановски со 17 поени. Еден поен помалку постигна Душан Танасковиќ, а во редовите на Маџари, одлична партија одигра Амар Хот со 20 поени и 18 скокови.
Признанието МВП на финалната серија му припадна на Војдан Стојановски.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
