Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови

Cеверна Кореја ги осуди САД и сојузниците за зајакнување на воените блокови, за интензивирање на вооружувањето и го повика Западот да го ограничи нуклеарното оружје.
Осудата на Пјонгјанг уследи по Самитот на НАТО во Анкара, на кој претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг истакна дека се надева дека Сеул ќе ја прошири соработката со сојузниците на НАТО во истражувањата и развојот на технологијата, како и во производството на оружје.
За Cеверна Кореја, Самитот во Анкара покажал дека НАТО е насочен кон војна и судир на штета на мирот и безбедноста на Европа и на азиско-пацифичкиот регион.
Според Пјонгјанг напорите за денуклеаризација треба да бидат насочени Јужна Кореја и Јапонија, кои под заштита на САД, се стремат кон сопствено нуклеарно оружје, како и на нуклеарните амбиции на членките на НАТО кои учествуваат во договорите на Алијансата за споделување на нуклеарното оружје.
Во соопштение на севернокорејското Министерство за надворешни работи се наведува дека Пјонгјанг ќе го заштити својот суверенитет и безбедносни интереси, како и регионалниот мир, со одговорно остварување на своите суверени права.
Севернокорејската новинска агенција (КЦНА) вчера објави дека Cеверна Кореја одлучила да преземе „квантитативни и квалитативни“ мерки за зајакнување на своите нуклеарни сили, додека лидерот Ким Џонг-ун повика на модернизација на армијата.
МИА
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
