Македонија
29. August 2026 - 16:29

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели

Нема труење ниту пак простор за паника поради хоспитализации на деца во клиничката болница Тетово. Директорот на установата вели дека за 48 часа имале 139 приеми и 12 пациенти задржани на болничко лекување, но тоа нр било ништо невообичаено за овој период во годината.

-Како што е пишано по порталите тоа не е точно. Нема место за паника. Бројките се за 48 часа што е нормално и други години било така. Во тие 48 часа тиер прегледи и хоспитализации се со различни симптоми, не се исти. Имаме со горнореспираторни инфекции и нормално со вируси, вели д-р Ерзен Елези, директор на клиничка болница Тетово.

Изјавата на директорот следува по обвинувањето на Алијаса за Албанците, кои преку соопштение до јавноста велат дека има двојни аршини кога бројките на пациенти се користат за политички напад во Гостивар а за прегледите во Тетово, како што велат се избира молк. 

-Во Гостивар беа објавувани кумулативни бројки, во кои беа вклучени повторени прегледи, контакти со здравствените установи, телефонски повици и советувања. Бројките од ден на ден се користеа за политички цели, додека реалниот број на хоспитализирани лица беше многу помал. Денес имаме 12 хоспитализирани деца само на Одделот за педијатрија во Тетово, во период од 48 часа. Зошто сега молчат?, пишува во соопштението.

И покрај полтичкото реагирање за прегледите на деца, нема никаква пријава за евентуално труење до центарот за јавно здравје и до ИЈЗ. Од тетовкската клиничка болница велат дека ова е очекувано во период на високи температури.

А 100 прегледи за едно деноноќие има и на клиниката за детски болести каде повеќе од половината се со цревни инфекции.

-Вообичаено овој период од годината поради високите температури доминираат цревни инфекции со фијареа, повраќање, понекогаш фебрилност, дехидрираност.. Бројката не е невообичаена. Ние имаме околу 100 прегледи за едно деноноќие, но имаме и други патологии. Околу 60 проценти се цревните инфекции, но така е секоја година, изјави д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиника за детски болести.

Педијатрите апелираат дека треба да се почитуваат препорактие за овој период на високи температури и најважна кај малите деца е хидратацијата.