Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула

Фудбалерите на Сенегал го освоија 35. издание на Африканскиот куп на нации откако го победија домаќинот Мароко со 1-0 по продолжение во Рабат.
Финалето на Африканското првенство во неделата вечер понуди вистинска драма и хаос, а во еден момент се чинеше дека натпреварот за титулата нема да се доигра.
Речиси е неверојатно што се случуваше во судиското продолжение во второто полувреме. Најпрво, на Сенегал му беше поништен гол, а неколку минути подоцна, беше досуден пенал за Мароко. Сенегалците, незадоволни од одлуките на судијата, го повлекоа својот тим и паузата траеше речиси 20 минути. На крајот, Сане ги убеди своите соиграчи да се вратат на теренот и финалето продолжи.
Брахим Дијаз во 24-та минута од судиското продолжение изведе пенал, се обиде да постигне гол со „паненка“, но Едуар Менди го одбрани ударот. Натпреварот отиде во продолжение, а решавачкиот гол го постигна Папе Геје во 94-тата минута.
Со победата против Мароко, Сенегал ја освои титулата африкански шампион по втор пат, по премиерниот триумф во 2021 година.
Египет е рекордер со седум титули.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
