Се уште нема избор на уставните судии - Власта нема мнозинство во собранието
Неизвесно станува гласањето за двајцата предлози за уставни судии - Фатмир Скендер и Тања Васиќ Бозаџиева на пленарна седница, иако доцна синоќа заврши расправата по нив. Според информациите на „Сител“ неколкумина пратеници од мнозинството од приватни причини тешко ќе можат да стигнат во парламентот во текот на денешниот ден.
Извори од власта уверуваат дека сепак, мнозинство има, и проблемот не е политички односно во пратеничката група на ДУИ по расплетот со т.н. огнена група од оваа партија.
Опозицијата нема да гласа за овие предлози бидејки смета дека тие недоловнички беа предложени на седница без да заврши комисиската расправа.
Политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата никако да почне нормално да функционира. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагираа на тоа дека собранискиот спикер Талат Џафери дури утрово во 9.20 ги известил за денешните седници со повеќе точки, а не работела ни веб-страницата.
За потпретседателот Мисовски спикерот постапил деловнички, опозицијата правела маркетинг.
Чека и изборот на Ристо Пенов за нов министер за локална самуправа. Тој ќе се случи зависно од активностите на премиерот Ковачевски. Од неговата матична партија ЛДП уверуваат дека предлогот е добар.
На нарушена политичка поларизација во Собранието укажаа и од Брисел во последниот Извештај за напредокотна државата. Според нив, тоа е причина за бавното носење на законите.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
