Македонија
24. July 2023 - 21:17

Се обединува албанската опозиција - Може ли да се загрози позицијата на ДУИ?

Меџити, Касами и Гаши се обединуваат во опозициски блок и заеднички ќе делуваат во процесот на уставни измени. На средба со Парламентот договориле соработката да продолжи и доколку се договорат предвремени избори. Изет Меџити, кој ја напушти ДУИ, најави дека ќе гласа за менување на Уставот и нема да ја попречува интеграцијата на Македонија. 

Гаши не кажува дали Алтернатива ќе притисне зелено копче за Уставните измени. Партиските органи дополнително ќе одлучувале, дали ќе дадат поддршка, со оглед дека не е прифатен нивниот амандман да се смени формулацијата 20 отсто со албански јазик.

Касами пак воздржан, не открива премногу детали, кога ќе имало договор ќе го соопштел.

Одлуката на Касами му донесе револ во највисоките партиски органи. Потпретседателот на БЕСА Аријанит Хоџа, јавно се огради од одлуката за обединување на албанскиот опозициски блок. Неофицијално дел и од пратеничката група на Беса, најавува излегување на партијата. 

- Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива не имаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор.

Експертската јавност пак, вели дека ваквите турбуленции на политичката сцена, јасно ја покажуваат трката меѓу власта и опозицијата за обезбедување на повеќе гласови за уставните измени.

Албанскиот опозициски блок ги повика и останите чинители кои ја делат нивната идеја, да се приклучат на овој фронт.