Македонија
7. November 2023 - 16:32

Само Владата не е одговорна што цел мандат гради 50 километри автопат

Ниту министерот за транспорт, ниту директорот на Патишта ниту било кој во Владата не е одговорен што педестина километри автопат од Кичево до Охрид се градат речи си една деценија или цел мандат на актуелната власт.

Откако стана јасно дека и по крајот на оваа година автопатот нема да биде готов, премиерот одговорноста почна да ја бара во проектантите и изведувачите.

Во опозицијата не се изненадени. Велат, главна причина што се уште немаме автопат до Охрид е неспособноста на Владата.

Автопатот кон Охрид почна да го гради Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2014 година. Првично требаше да не чини 375 милиони евра но 9 години подоцна неговата вредност е 600 милиони евра а крајот на изведбата не е ниту на повидок. Во последните месеци од својот мандат премиерот владата не крие дека размислува да го раскине договорот си кинеската Синхидро и да бара нов изведувач што гарантира дека уште неколку години патот до Охрид ќе биде вистинско мачење.