Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина за кршење на тридневниот прекин на огнот склучен со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува ДПА.
Украинските сили ги нападнале руските воени позиции и цивилната инфраструктура со беспилотни летала и артилерија во регионите Калуга, Тула, Смоленск, Курск, Брјанск и Белгород, како и во Чеченската Република и регионите Ставропол и Краснодар во јужна Русија.
Од друга страна, украинскиот Генералштаб објави дека се евидентирани 45 руски напади во Донбас.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека примирјето се почитувало за време на Воената парада во Москва. Немало обиди од страна на Украина да ја попречи парадата по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година, рече Песков.
Во петокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека нема да ја нападне Москва за време на парадата на Црвениот плоштад во Москва, по постигнатото примирје со посредништвото на САД.
Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека имало интензивни контакти со САД со оглед на заканите за парадата упатени од Киев.
Примирјето со посредство на Трамп ќе трае до понеделник.
МИА
Ново на Сител
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
