Loading Video...
Свет
10. May 2026 - 16:26

Преглед на вестите од светот

Шпанија го почна процесот на евакуација на  патниците од холандскиот крузер на кој се појави хантавирус, закотвен во пристаништето Гранадиља во Тенерифе. Тие се транспортираат со чамци до брегот, а потоа со чартер летови се враќаат во матичните земји.

Петходно специјализирани медицински тимови се качиле на бродот за да извршат здравствена проверка на 147те патници и членови на екипажот од 23 земји.

-Сите патници остануваат асимптоматски. Бродот пристигна во 6:30 часот наутро . Целата операција се одвива нормално и реков дека првите што ќе се истоварат ќе бидат шпанските граѓани, а потоа ќе полета летот за Холандија. Холандија ќе испрати два авиона: денешниот авион и уште еден утре, кој ќе го наречеме „авион чистач“, за да ги собере сите патници што не се собрале од другите земји. Последниот лет во целиот процес е закажан за утре. Тоа е последниот лет до Австралија, со шест лица - луѓе од Австралија, Нов Зеланд и некои од Азија.

Поддршка на шпанските власти им даде и првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој дојде во Тенерифе за лично да ја надгледува акцијата.

Тој исткана дека иако патниците и членовие на екипажот не покажале симптоми на хантаврис на инфекција, се сметаат за контакти со висок ризик како превентитвна мерка ке подлежат под каранатски протоколи. СЗО извести дека осум лица се разболеле за време на патувањето од кои тројца починале.

Хантавирусот, вообичаено се пренесува преку глодари, но во овој случај покажа потенцијал за редок пренос меѓу луѓето. Околу 30 членови на екипажот ќе останат на бродот за да го однесат до Ротердам, Холандија, каде ќе се изврши дезинфекција.

За време на крстарењето, крузерот го напуштија околу 40 патници при застанување на островот Света Елена во јужниот Атлантски океан.

Иранската револуционерна гарада упати предупредување до Соединетите Американски Држави, најавувајќи дека ќе изврши директни напади врз американските цели на Блискиот Исток доколку иранските танкери повторно бидат цел на оган. Предупредувањето следува откако американските сили неодамна нападнаа два ирански танкери во Оманскиот Залив.

Во меѓувреме, дипломатските напори за решавање на десетнеделниот конфликт се чини дека стагнираат. Иран се уште не испатил одоговор до посредникот Пакистан за американскиот предлог за договор за крај на војната и можност за продолжување на примирјето во регионот. Трамп го очекуваше одговорот уште пред два дена.