Македонија
28. October 2022 - 16:32

Ристо Пенов избран за министер - власта го потврди мнозинството во парламентот

Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа. За неговиот избор гласаа 63 пратеници, a 30 беа против. Тој доаѓа на оваа позиција откако неговиот сопартиец и поранешен лидер на ЛДП Горан Милевски си даде оставка. По гласањето, Пенов даде свечена изјава дека ќе ги почитува Уставот и законите. Во политтиката се враќа по речиси 10 години, откако беше градоначалник на Скопје, пратеник, но и лидер на ЛДП.

Дебатата за Пенов во парламентот траеше три дена. За мнозинството тој ќе даде нов работен дух во работата на Владата, за опозицијата тој е транзициски политичар.

Мнозинството денеска со 64 гласа „за“ ги избра и Фатмир Скендер и Тања Бозаџиева за уставни судии. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата за време на гласањето поради незавршената работа на собрнаискотот тело токму по предлозите за уставни судии.

Економските мерки за граѓаните од новиот владин пакет, иако и владата вели дека се важни и опзоцијата вели дека нема да ги блокира, се уште не дошле на дневен ред пред пратениците.