Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на седмата позиција на Олимписката ранг листа.
Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, почнува процесот на собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.
-За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси, вели Ефтимов.
Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки Игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд При натпреварите и од други европски и светски првенства.
Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките Игри Париз 2024.
Ново на Сител
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
