Македонија
27. July 2026 - 16:31

Временските промени опасност за посетителите на планина

Високите температури но и ненедејните временски промени со летни бури и пад на температурите ризик за посетителите на планина.Спасителите апелираат на поголема внимателност до љубителите на природата за максимална претпазливост, движење само по обележани патеки, носење соодветна опрема, храна, вода и телефон со полна батерија, како и навремено пријавување на движењето.

Охрид со своите природни убавини има услови за развој на планински туризам преку планината Галичица, но се уште не е доволно искористен бидејќи главен останува езерскиот туризам. Планината нуди патеки, чист воздух и поглед на езерото, но бара подобро уредување и повеќе стручни водичи.

Податоците покажуваат дека интерес постои, особено кај странските туристи, но останува предизвикот како планинските дестинации да станат попривлечни и за домашните граѓани.