Преглед на вестите од светот
Разорните шумски пожари што беснеат во југозападна Франција зад себе оставаат сцени на целосно уништување додека 220.000 луѓе, вклучувајќи туристи и локални жители се евакуирани. Според последните информации, околу 240 куќи се изгорени, а 75 пожарникари се повредени во обид да ја запрат огнената стихија што се приближува кон Бордо. Францускуските пожарниакри се надеваат дека намалениот ветер ќе им даде подобра шанса да ги локализираат пожарите .
-
Всушност, условите се малку поповолни од она што го доживеавме претходно. Нашата цел е да ја искористиме оваа можност, овој временски прозорец, за да ги максимизираме нашите операции. Затоа видовте масовни воздушни фрлења на овој дел од локацијата само пред неколку минути. Треба навистина да ги искористиме овие временски услови за да добиеме превласт врз пожарот, брзо да го локализираме, а потоа, секако, да го изгасиме, се надеваме во најкраток можен рок.“
И Шпанија се уште се бори со шумски пожари. околу 90.000 луѓе се евакуирани во регионите Авила, Мадрид и Толедо.
Иран нема да напаѓа се додека Содинетите држави го прават истото соопшти иранското министерство за надворешни работи.Од таму соопштија и дека Иран го контролира Ормускиот теснец и нема да разговара за тоа со САД.
Никогаш не сме дозволиле и никогаш нема да дозволиме САД да одредуваат кога има војна или мир. Ќе се браниме секогаш кога нашите интереси го бараат тоа, секогаш кога нашите околности го бараат тоа. Секогаш кога веруваме дека можеме да ја користиме дипломатијата како алатка за заштита на нашите национални интереси, сигурно ќе ја користиме како таква.“
Американските сили ги прекинаа нападите врз Иран од петокот, по 13 дена интензивни воздушни напади а претседателот ТРамп изјави дека одлучил да ги паузира нападите за и даде повеќе време на диплоамтијата. Но некои американски новински агенции објавија дека воени и политички советници на Трамп го предупредиле дека кампањата ја губи ефикасноста и изразиле загриженост дека залихите на пресретнувачи, клучни за одбрана од ирански напади врз базите на Блискиот Исток се намалуваат.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
