Преглед на вестите од светот
Русија рано утрово изврши нови воздушни напади врз Киев, само неколку часа по заминувањето на американските мировни преговарачи од украинската престолнина. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека Киев бил погоден со балистички ракети, а низ градот се слушале силни експлозии и биле забележани столбови чад. Според Кличко, во повеќе делови од градот избувнале пожари, а има и луѓе заробени во станбена зграда.
Киевската воена администрација информираше дека од паднати остатоци се оштетени петкатна станбена зграда и уште еден трикатен објект.
Властите ги повикаа жителите да останат во засолништа додека трае воздушната опасност.Десетици илјади поддржувачи на бразилската десница излегоа на протест во Сао Паоло на Денот на независноста, во пресрет на претседателските избори следниот месец. Кандидатот Флавио Болсонаро ја искористи кризата во
Според проценките, на протестот имало околу 30.000 луѓе, помалку од собирите што во минатото ги организираше неговиот татко, поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Најновата анкета покажува изедначена трка, со по 41 процент поддршка за Лула и Болсонаро во евентуален втор круг.
Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф предупреди дека секој американски напад врз иранската нафтена и гасна инфраструктура ќе предизвика реципрочен одговор. Тој порача дека, иако иранските енергетски капацитети се широко распространети и изложени, ранливи се и американските енергетски компании и објекти во регионот. Во исто време, висок претставник на иранските вооружени сили обвини дека противниците се обидуваат преку хибридна војна да предизвикаат внатрешна нестабилност и поделби во Иран. Од Техеран предупредуваат и дека евентуална ескалација може да го прошири конфликтот на регионално ниво, нагласувајќи го стратешкото значење на Ормускиот Теснец за светската економија.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува цените на нафтата нагло да паднат откако САД ќе ја добијат војната против Иран. Во објава на Truth Social тој прогнозираше дека цените на горивата во САД најпрво ќе паднат на околу три долари за галон, а потоа и под два долари, додавајќи дека тоа ќе се случи брзо.
Трамп истовремено порача дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје. Неговата изјава доаѓа во период на силна нестабилност на енергетските пазари, каде цените се под притисок од конфликтот и стравувањата за снабдувањето.
За споредба, просечната цена на дизелот во САД во моментов изнесува околу 4,15 долари за галон што е нешто под 60 македонски денари за 1 литар
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
