Регистрирани 15 пожари на отворено - седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица - ниска вегетација; во Општина Центар Жупа кај с. Плареник - сува трева и нискостеблеста шума; во Општина Кичево, во близина на турските гробишта гори ниска вегетација и стрниште; во Општина Битола кај с. Букри - ниска вегетација и во Општина Долнени кај с. Житоше гори ниска вегетација.
Под контрола се ставени пожарите во Општина Крива Паланка, на излез од Крива Паланка каде гореше депонија и во Општина Делчево кај градската депонија гореше депонија.
Како што информира ЦУК, изгаснати се седум пожари во Општина Новаци – на патот пред РЕК Битола каде гореше ниска вегетација; во Општина Велес кај м.в. Кулата - нискостеблеста поретка шума и ниска вегетација; во Општина Босилово помеѓу с. Турново и с. Секирник - стрниште; во Општина Штип кај с. Лакавица - ниска вегетација и грмушки; во Општина Градско покрај компанијата „Жито Вардар“ - ниска вегетација; во Општина Неготино кај воениот полигон Криволак - ниска вегетација и во Општина Арачиново кај с. Арачиново гореше депонија.
МИА
Ново на Сител
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
