Македонија
10. August 2026 - 16:32

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“

Македонија почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид синоќа  започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност.

Како што вели режисерот Дејан Пројковски идејата за целиот проект започнал од стихозбирката на Кочо Рацин Белите Мугри кој претставува патување низ културната меморија со акцент на последните 35 години.

Македонската балерина Олга Панго истакна дека предизвик е да се биде дел од кореграфијата на големиот музичко-сценски спектакл каде преку танц, музика и глума се раскажува приказната за изминатите три и пол децении.

Публиката со голем аплауз го испрати музичко-сценскиот перформанс, кој ги спои сите важни моменти од 35 години независна Македонија.

Од Охрид, „Силно светнал ден“ го започна своето патување низ Македонија, кое ќе продолжи во уште 11 градови.