Македонија
27. September 2026 - 19:57

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети

Самоиловата тврдина, локалитетот Залив на коските кај Градиште и Куќата на Робевци сеуште на врвот најпосетувани културни и туристички локалитети во Балканскиот Ерусалим.

Вредното историско и културно наследство е клучен магнет за странските туристи, кои се во постојана потрага по автентични приказни, вековна традиција и недопрени археолошки богатства.

Директорот Патчев вели дека Галеријата на икони иако се смета за една од највредните збирки од овој вид во светот сепак е слабо посетена од страна на туристичките водичи и организираните групи. Иако е лоцирана во непосредна близина на црквата Света Богородица Перивлепта, голем дел од туристите воопшто не влегуваат во галеријата.

За разлика од минатото кога посетеноста на локалитетите и музеите во Охрид вообичаено беше зголемена во летниот период изминативе години сликата е сосема поинаква интерес има во текот на целата година.