Македонија
11. August 2026 - 11:11

33-годишен велешанец осомничен за силување на 21-годишна Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид

Полицијата во Охрид лишила од слобода 33-годишен маж од Велес, осомничен дека извршил кривично дело „силување“ врз 21-годишна девојка од Шведска.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека К.С. бил приведен на 10 август околу 18:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид.

Претходно истиот ден, во 14:35 часот, 21-годишна државјанка на Шведска пријавила во СВР Битола дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.