Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија

Обожавателите со редици чекаа пред првата продавница за куклите „Лабубу“ во Германија, т.е. во Берлин, неколку часа пред отворањето утрово.
Брендот „Лабубу“, основан од кинеската трговска компанија „Поп март“, стана светска сензација. Ова утро, стотици луѓе чекаа во германската престолнина, на дожд со чадори и столчиња за кампување, сакајќи да дојдат до својата плишана играчки во облик на суштество со големи очи и остри заби. Имаше и луѓе од целата земја.
„Поп март“, основан во 2010 година, соопшти дека планира да отвори вкупно три продавници во Берлин.
Популарноста на „страшните“ плишани е поттикната и од социјалните мрежи како „Тик-ток“ и „Инстаграм“, т.е. луѓето кои се снимаат себеси како ги отпакуваат играчките. Куклите „Лабубу“ се продаваат во пакувања што кријат која специфична фигура е внатре. Купувачите ја знаат општата серија или тема, но не и точниот лик што го добиваат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
