Раст од 1,8 проценти на вкупниот промет во индустријата во март годинава

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 1.8 проценти во март годинава во однос на март минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во март годинава во однос на февруари годинава прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 9.1 процент, а во првиот квартал годинава споредено со истиот период лани за 2.9 проценти.
Во вкупниот промет, во март годинава во однос на март лани има зголемување од 5,3 проценти кај Производство на прехранбени производи и од 8,8 проценти кај Производство на метали, додека пад од 10,7 проценти е регистриран кај Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.
Прометот во индустријата, вкупно, во март годинава во однос на март минатата година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 процент, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 0.1 процент.
Во март годинава во однос на февруари годинава прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 9.1 процент, а во првиот квартал годинава споредено со истиот период лани за 2.9 проценти.
На домашниот пазар има пад од 7,1 отсто на прометот во индустријата во март годинава во однос на март лани, а за 4,4 проценти на квартално ниво, во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година.
На странските пазари има пораст од 3,4 процети на прометот во индустријата во март 2025 година, во однос на март 2024 година, а за 4 проценти во првиот квартал годинава споредено со истиот период лани.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
