„Радар“: Заменик-директорот на српската полиција замина во предвремена пензија

Неколку раководители во српското Министерство за внатрешни работи, меѓу кои и помошникот на директорот на полицијата Зоран Шашиќ, своеволно се пензионирале предвремено, објави неделникот „Радар“.
Шашиќ, кој до неодамна беше заменик-началник на Управата за криминалистичка полиција, како и други раководители во МВР на Србија, заминале во предвремени инвалидски пензии.
„Радар“ додава дека на почетокот на август, Шашиќ „бил нападнат“ од провладините таблоиди, откако тие објавиле дека се сретнал во белградски ресторан со Ивана Поморишки, раководителка на Третото основно јавно обвинителство во Белград.
Во февруари, помошникот на директорот на полицијата бил одликуван од претседателот Александар Вучиќ, по повод Денот на државноста на Србија.
Потоа Вучиќ свечено му го врачил „Орденот за заслуги за одбрана и безбедност од трет степен за натпросечно, примерно и чесно извршување на должностите и задачите во областа на одбраната и безбедноста.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
