Прва оставка во Владата на Ковачевски - Милевски заминува, доаѓа ли Пенов?
Горан Милевски од ЛДП си поднесе оставка од министерската позиција во локална самоуправа. Тој е првиот министер кој заминува од владиниот кабинет на премиерот Ковачевски. Без јавно да коментира, Милевски вели дека причините за оставката се лични иако тој веќе неколку месеци ги критикува владините политики особено по францускиот предлог.
Местото на Милевски во Владата се шпекулира дека ќе го наследи поранешниот скопски градоначланик Ристо Пенов. Пенов засега не потврдува дали добил понуда од Ковачевски да седне во министерска фотелја. Но, неговото име го потврди потпретседателка на партијата Зајкова.
Зајкова пак, се споменува како можен наследник на Милевски на челната позиција во ЛДП. Партијата најрано утре, а најдоцна до крајот на неделава ќе ги донесе одлуките.
Оставката на Милевски го отвори и прашањето за можна мини-реконструкција на Владата.
Од пратеничките групи на СДСМ и ДУИ велат дека засега нема потреба од тоа.
Од Алтернатива на Гаши за чии министри се споменува дека би биле сменети велат: Владата функционира нормално.
„Нашите министри, Беким Сали и Адмирим Алити, се меѓу најуспешните кадри не само од АлтернАтивА, туку и во целата влада. Затоа не гледаме никаква причина за отварање вакви непотребни теми”, велат од Алтернатива.
За опозицијата реконструкцијата во Владата нема да промени ништо.
Стојаноска додава дека единствен излезе се изборите.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
