Протести за поддршка на палестинскиот народ на над 100 локации низ цела Грција

Со плакати и слогани „Слобода за Палестина“; „Стоп за геноцидот“; Никој од нас не е слободен, сè додека не е и Палестина“; „Не за војната, не за геноцидот, само солидарност и мир“; „Мир и правда за Палестина“ на над 110 различни локации низ цела Грција синоќа се одржаа мирни протести во рамките на т.н. ден на акција за поддршка на палестинскиот народ, јави дописничката на МИА од Атина.
Мирни протести освен во големите грчки градови како што се Атина и Солун имаше и на островите и на речиси сите туристички дестинации.
На протестот на островот Фолегандрос присуствуваше и лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос.
Во изминатиот период протести за поддршка на палестинскиот народ, но и против Израел имаше на три грчки острови во моментите кога беше најавено пристигнување на крузер со израелски туристи.
Минатиот месец вакви протести се одржаа на пристаништата на Сирос, Родос и Крит, а за в четврток е закажан и за во Атина кога се очекува на пристаништето Пиреас да се закотви крузер со туристи од Израел.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
