-->
-->
Пронајден кит што можеби бил најтешкото животно кога било на Земјата
-->

Научниците пронајдоа нов животински вид што е можеби најтешкото животно што некогаш постоело на Земјата, како што говорат првичните претпоставки. Станува збор за праисторискиот, одамна изумрен кит „Perucetus colossus“.
Остатоците од ова суштество биле откопани во пустината во јужен Перу, па оттука е и името што во превод значи „Перуански колос“. Се верува дека живеел пред околу 39 милиони години, бил долг 17 – 20 метри и тежок меѓу 85 и 320 тони.
Коските биле пронајдени пред 13 години, но поради нивната големина и облик, биле потребни три години само да се донесат во Лима, каде што оттогаш се проучуваат. Научниците наведуваат дека само некои од најголемите примероци на синиот кит може да се споредат со новиот наод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
