Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој наместа во западните делови ќе надминува брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за повремени слаби врнежи од дожд во југозападните делови. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од вторник ветерот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
