Македонија
2. May 2026 - 17:02

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, едно во Велес, едно во Демир Хисар и по едно во Охрид и Тво етово. Во Тетово и Охрид по едно лице управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, по еден возач во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и две лица во Прилеп, управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај - се додава во соопштението на МВР. 

МИА