Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени Целзиусови.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 29 степени Целзиусови.
Според најавите од УХМР, утре времето ќе биде стабилно, а во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар. Наместа врнежите ќе бидат
проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
