Преглед на вестите од светот
Американските сили десетта ноќ по ред извршија напади врз Иран. Мета биле командни центри, ракетни и дронски позиции, како и системи за воздушна одбрана, со намера да се ограничи способноста на Техеран за напади врз бродови во Ормускиот теснец.
Иранската Револуционерна гарда пак тврди дека извела ракетен напад врз инфраструктура поврзана со Amazon во Бахреин, но засега нема официјална потврда. Во меѓувреме, американскиот претседател Donald Trump предупреди дека Иран ќе плати висока цена поради нападите врз американски цели.
Во меѓувреме, Иранците во Техеран повикуваат на одмазда по нападите на САД.
Конфликтот меѓу САД и Иран повторно се интензивираше на почетокот на месецов, а САД и Иран продолжуваат со секојдневни напади во и околу Ормускиот Теснец. поради спорот околу Ормускиот Теснец.
Во италијанскиот град Болоња избувнаа протести откако 42-годишен маж со мароканско потекло почина за време на полициска интервенција. Според информациите, тој бил оттурнат на земја и задржан од полицајци при обид за апсење, при што на видеоснимки се слуша како бара помош и вели дека не може да дише.
Инцидентот предизвика силен гнев во јавноста, а демонстрантите излегоа на улиците барајќи одговорност од полицијата. Дел од протестите прераснаа во судири со безбедносните сили, кои употребија солзавец за да ги растераат насобраните.
Обвинителството веќе отвори истрага за случајот, а ќе се анализираат и снимките од полициските камери. Смртта на мажот отвори нова дебата во Италија за полициската употреба на сила и заштитата на човековите права.
Француските пратеници денеска треба да гласаат за закон со кој на децата под 15 години би им се забранил пристап до социјалните мрежи. Предлогот доаѓа во време на растечка загриженост за влијанието на платформите врз здравјето и безбедноста на малолетниците.
Доколку биде усвоен, Франција ќе го следи примерот на Австралија, каде веќе стапи на сила забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години. Според планот, забраната би почнала да се применува од 1 септември, а компаниите ќе имаат рок од четири месеци да ги затворат постоечките профили на помладите корисници. Образовните веб-страници и енциклопедиите ќе останат достапни.
Во меѓувреме, Европската комисија подготвува сопствени правила за ограничување на влијанието на социјалните мрежи врз младите.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
