Промената на времето донесе ризик за влошување на здравјето кај повозрасните и хронично болните
Наглата промена на времето го зголеми ризикот за здравствени проблеми кај граѓаните. Од главоболка, замор и нарушување на сонот, до влошување на симптомите кај лицата кои веќе имаат хронични заболувања, предупредуваат лекарите. Во вакви периоди вообичаено има и зголемен број на пациенти со мозочни удари, објаснува директорот на неврологија. На Клиниката речиси постојано е пополнет капацитетот од 15-тина кревети на сите 3 оддели на кои третираат вакви болни.
- Проблемот е кај повозрасната популација, кај оние пациенти кои имаат атеросклеротични промени на самите крвни садови, тие крвни садови не се толку флексибилни. Знаеме дека физиолошки при високи температури крвните садови се шират, а при ниски температури собираат. Кај пациентите кои имаат такви хронични болести каде самиот ѕид на крвниот сад , самиот мускулен слој е нарушен заради таложење на масти и одредени дуги кафцификати, не можат да се прилагодат на настанатите промени и сепак тоа е ризик за настанување на одредени кардиоваскуларни или цереброваскуларни нарушувања. Овие пациенти треба особено да бидат внимателни во периодот кој следи, изјави д-р Јован Божиновски, директор на Клиниката за неврологија.
Бидејќи климатските промени и наглите варијации на температурите ќе бидат уште поизразени во годините што следуваат директорот на неврологија советува особно да бидат внимателни повозрасите и хронично болните и соодветно да се подготват.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
