Oхрид и во септември на туристичката мапа
Охрид и во септември останува на туристичката мапа, пред сè со организираните групи кои се дел од балканските тури. Најбројни долж ривиерата се гостите од Турција, Србија, Германија и Романија но не изостануваат ни од останатите земји.
Деновиве низ градот можат да се забележат бројни туристички групи кои уживаат пред се во прошетките покрај стариот дел од градот, културните знаменитости и кејот.
Она што особено радува според добрите познавачи е тоа што сезоната се продолжува и трае многу подолго. Првичните оценки на туристичкиот сектор се позитивни.
Статистичките податоци покажуваат дека во јули 2026 година, од вкупниот број туристи, 43.0 % се домашни, а 57.0 % се странски туристи.
Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 1.5 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.8 %, а кај странските за 1.3 % а зголемување има и на вкупниот број ноќевања.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
