Продолжува расправата за измените на законите за договорот со Бехтел и Енка
По велигденските празници од утре се очекува собранието да ја продолжи комисиската расправа за 8-те законски измени кои според власта треба да ја забрзаат изградбата на Коридорите 8 и 10д.
Законските измени кои го носат предзнакот ИТНИ следните денови треба ќе бидат приоритет за Собранието, каде влегоа по скратена постапка. Според опозицијата државата од следниот понеделник ќе почне да ги плаќа првите пенали ако дотогаш не ја зголеми работната недела од 40 на 60 работни часа.
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинува дека со законските измени за експропријација, државата исто ќе ги обештетува и легалните и диво изградените објекти кои ќе се најдат на трасата на коридорите.
Шефот на Ковачевски, Артан Груби веќе обелодени дека речиси половина од земјиштето на трасата, 45% од неа, минува низ приватни имоти.
Ако веќе трасата е позната, а нема да се бара документ за легализација, тоа значи дека сега некој да почне да гради карабина, без никаква дозвола, утре ќе му биде платено како да ја минал цела процедура и да има платени давачки кон државата!
Ова ќе биде се, само не закон и почитување на законот. Ова ќе предизвика и стимулира наплив на дивоградби на предвидените траси.
Почитувани, вакво законско решение како што Груби и резервата Ковачевски прифатиле со Договорот и сега туркаат законски измени е се само не право!, вели Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Според СДСМ скандалозно е што опозицијата ги обвинува САД и американската компанија Бехтел за корупција.
ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, против секој напредок во државата.
Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата.
Со СДСМ државата се развива, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал, се вели во писменото соопштение на СДСМ
Иако се носат по итна постпката, шефот на државата ќе го има последниот збор за законските измени. Пендаровски веќе најави дека откако ќе ги види конечните верзии со својот правен тим ќе решава дали ќе стави потпис.
На што се е обврзана Македонија, јавноста сепак нема да дознае, со оглед дека по Груби и премиерот Ковачевски потврди дека договор со Бехтел и Енка ќе чува во тајност, на барање на американско-турскиот конзорциум.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
