Македонија
14. July 2023 - 16:35

Продолжен притисок за уставни измени, Мицкоски вели дека нема да попушти

Меѓународната заедница го засилува притисокот врз опозицијата за внесување на Бугарите во Уставот. По вчерашната посета на европската тројка, утрово во изјава за МИА советникот во американскиот стејт департмент Дерек Шоле порача дека пратениците се избрани за да носат тешки одлуки.

„Како динамични демократии ги избираме нашите претставници за да носат одлуки и да прават тешки избори. Иако демократскиот процес секогаш е пропратен со политички несогласувања и поентирање, вашиот избор не смее да биде на штета на клучните реформи и владеењето на правото. На крај, јас сум убеден дека претставниците на народот ќе постапат во најдобар интерес на земјата, и ќе ја водат напред “ – вели Шоле во својата изјава.

Нова серија притисок се очекува и од понеделник кога во земјава доаѓаат Министрите за Европа на Германија, Франција и Полска. Опозицискиот лидер и денеска повторува. Ни на крај памет не ни доаѓа промена на Уставот.

Во трката до 80 гласа за Бугари во македонскиот Устав, Владата денеска уште еднаш ја повтори понудата која и беше одбиена на последната лидерска средба.

На стартот од последната година на својот мандат Владата си постави за цел уставните измени да истурка пред почетокот на зимата, но за тоа нема обезбедено поддршка од 80 пратеници.