Претрес во виничко, уапсени две лица, пронајдени дрога и пушка | ФОТО

На 11.07.2026 во 23:20 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница во содејство со полициски службеници од ОВР Виница ги лишија од слобода К.С.(28) и М.С.(31), двајцата од с.Јакимово.
При преземање марки и активности по претходно изготвен план, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, кое К.С го управувал, а М.С. бил сопатник, при што од возилото бил фрлен кокаин.

На 12.07.2026 во 07:10 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од НККР Виница, врз основа на наредба од Основен суд Виница, извршиле претрес во домот и простории што ги користеле К.С. и М.С., при што биле пронајдени и одземени кокаин, канабис, дробилка со остатоци од канабис, пушка „валтер“ со калибар 4,5 мм, пари и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Против лицата е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по што се спроведени пред на судија на претходна постапка во Основен суд Кочани, кој им изрекол мерка притвор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
