Loading Video...
Свет
31. August 2026 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Иран и САД разменија напади откако синока   американските сили  со дроноци   нападнаа два ракетни лансери на иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец.  Според Централната команда на САД нападот бил извршен бидејќи иранските  сили се се подготувале да лансираат ракети натоварени со морски мини во Ормтускиот теснец,  со што директно ја загрозувале слободата на меѓународната трговија и безбедноста на трговските бродови.  Во американскот напад, прв на иранска територија  од крајот на јули загинаа две лица соопшти Корпусот на Исламската револуцинерна гарда на Иран ,а потоа возврати со  ракетни напади врз амераканските бази во Јордан.  Иранскиот претседател, во меѓувреме  изјави дека Иран не бара војна, но решително ќе им  одговори  на агресорите.

- Ние не бараме војна; тоа беше нашата порака до светот досега. Сепак, во услови на агресија, нема да стоиме настрана  - ние сме способни да дадеме решителен одговор. Нестабилноста во овој регион би влијаела на сите и би создала сериозни проблеми; нестабилноста не е во интерес на ниту една земја, изјави Масуд Пезешкијан, претседател на Иран. 

Властите во Непал ја ажурираа официјалната листа на исчезнати лица по разорните поплави и свлечишта во хималајскиот пограничен регион со Кина. Бројот на исчезнати се искачи на 4 247 што е значително зголемување во споредба со  2502 пријавени вчера. ОД исчезнатите 3655 се непалски државјани а 592 се странци.   Непалските власти информираа  и дека  бројот на загинати надмил 900. Во Тибет официјалниот број на жртви е 16 а 546 лица се водат како исчезнати. Спасувачките операции продолжуваат во погодените подрачја. Тимови од Кина. Индија и Јужна Кореја им помагааат на непалските  спсасувачи  во операциите за извлекување на десетици работници заробени во тунели на  хидроенергетски проекти.  

Руските напади со ракети и дронови врз Киев  продолжуваат. Според украинските власти погодена е печатница на периферијатаа, при што изгореле околу 1,3 милони  учебници испечатени за новата учебна година. Москва пак тврди дека пресретнала десетици украински дронови над Ростовската област. Шефот на украинската држава,   изајви дека во изминатите четири дена Русија лансирана над 1500 беспилотни летала низ целата земја, со посбен фоксус на Киев и околниот регион.  Најави и нови разговори со претсавници на САД, оценувајќи дека Вашингтон споделува голем дел од ставовите на Украина за ситуацијата и на фронтот и во однос на руските наапди. 

- Мојот тим и јас се подготвуваме за нова рунда комуникација со претставници на претседателот на Соединетите Американски Држави (Доналд Трамп).. Правиме сè што е можно за да се осигураме за  војната да не осатне   единствена опција за она што следува. „Сегашната тактика на Русија е да ја исцрпи Украина, а пред сè да ги исцрпи Украинците, нашиот народ. Има постојани напади со беспилотни летала, вклучително и многу беспилотни летала Шахед со млазен погон. Нашите воини соборуваат значаен дел од нив, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.

НАТО, во мегувреме   соопшти дека во моментов не гледа непосредна закана од руски напад врз ниту една членка, но предупреди на засилените руски напади врз Украина и хибридните активности во Европа.  Од Москва, пак, стигна предупредување за активностите на Алијансата на Арктикот. Шефот на руската дипломатија Лавров оцени дека зголеменото воено присуство на НАТО во регионот претставува директна закана за безбедноста на Русија и го зголемува ризикот од вооружен конфликт.