Преглед на вестите од светот
Видео снимките и изјавите на преживени ја пренесуваат разорната моќ и деструктивниот налет на поројнатите поплави и лизгањето на земјиштето во погрнаичниот регион помеу Непал и кинескиот автомонен регион Тибет. Десетици човечки животи згаснуваат за неколку секунди на снимките.
-
Поплавите дојдо ненадејно и експлодираа како бомба. Реката изгедаше мала од далечина
но одеднаш почна да се прелева и го зафати ова место, преживеан во Непал.
Најголем број од жртвите и уништувањето се во Непал. Според последните официјлани податоци најмалку 350 лица загинале, додека повеке од 900 се водат како исчезнати, повекето странски туристи и работници. На тибетската страна од границата има три жртви а најмалку 558 локални житечли и странци се водат како исчезнати. Водената стихија збриша цели села. Американскиот геолошки центар соопшти дека лавина од глечер, што се случува кога огрмно парче мраз се крши од глечерот и паѓа по падината, е одговорно за катастрофата. Непалските власти потврдија и дека биле уништени 19 мостови а оштетени и над 40 километри патишта, што дополнително ја отежнува потрагата по преживеани. Кучиња трагачи и хеликптери помагаат во потрагата.
-
Бев на терасата и поплавата го погоди и горниот кат. Стивна дури по еден час или нешто повеќе. Мојата сопруга веќе беше затрупана во калта, додека ние останавме на терасата за безбедност. По 4-5 часа бев спасен со хеликоптер.“
САД, ЕУ и Индија веке испратија хумантрна помош за погоденото население во Непал.
Поранешниот врховен командант на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, почина на 84-годишна возраст во притворската единица во Шевенинген, Хаг. Здравствената состојба на Младиќ во изминатиот период значително се влошила, откако претрпел неколку мозочни удари. Неговото семејство и лекарите повеќепати предупредуваа дека неговата состојба е тешка и бараа да биде пуштен на слобода за да продолжи со лекување. но сите такви барања беа одбиени од страна на надлежните органи во Хаг. Младиќ беше уапсен во 2011 година, а во ноември 2017 година, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го прогласи за виновен по 10 од 11 точки од обвинението, меѓу кои и за геноцидот во Сребреница, и го осуди на доживотен затвор.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
