Преглед на вестите од светот
Најмалку седум лица загинаа, а 50тина се повредени во напад со украински дронови во рускиот регион Тамбов. Нападнато е и складиште за нафта во поширокиот московски регион. Зеленски соопшти дека биле погодени логистички објекти што Русија ги користела за снабдување со делови за производство на дронови и навигациска опрема a нанесена била штета и на неколку бродови.
Руските власти го потврдија бројот на жртви без да изнесат повеќе детали аз претрпените штети
Американската војска седма ноќ по ред го бомбардираше Иран, откако Претседателот Трамп соопшти дека привремениот договор за примирје е завршен. Централната команда на САД објави дека биле погодени воени, логистички, поморски и подземни објекти, додека Техеран возвратил со напади врз американски цели во Кувајт и Јордан. Иранските власти тврдат дека загинале десетици луѓе и дека стотици се ранети, а американската војска потврди 13 повредени во своите редови. Иранската револуционерна гарда предупреди дека додека траат американските напади, од регионот нема да се извезуваат нафта, гас и хемиски ѓубрива.
Повеќе од 100 домови изгореа во голем пожар во близина на норвешкиот град Драмен, околу 50 километри западно од Осло. Огнот, поттикнат од силниот ветер, се проширил и кон блиската шума и сè уште не е целосно ставен под контрола.
Во гаснењето учествуваат повеќе од 60 пожарникари и хеликоптери, а полицијата евакуираше стотици жители. Нема информации за загинати, повредени или исчезнати лица. Причината за пожарот засега не е позната.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
