-->
-->
Пречек во Охрид за златната репрезентација
-->

Граѓани на Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков денеска на Градскиот плоштад ги пречекаа македонските репрезентативци во традиционално теаквондо, и пред се златната кадетка од Европскиот шампионат, Христијана Парулеска.
Парулеска на контитненталниот шампионат одржан изминатите денови во Италија во силна конкуренција и далеку побројни репрезентации успеа да освои два медали – сребро во категоријата борба со замислен противник и злато во борба, со што се искачи на европскиот трон.
Со двете освоени медали таа беше прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство во вкупен пласман, што е прв таков успех за индивидуален спортист од земјава постигнат на Европски шампионат.
Вест и фото:Охридњуз
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбраната го оспорува градежното вештачење за „Пулс“
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
